Активностите на учениците од СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово во Бордо, Франција

Активностите на учениците од СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово во Бордо, Франција се одвиваат со огромен интензитет. Учениците секојдневно имаат предавања и посети на важни научни установи, на плантажи со грозје, како и на винарии. Во текот на овие две недели ги посетија:
– Градот и историскиот музеј на Бордо;
– Музејот на виното каде учеа за виното од сите аспекти, со акцент на органското производство и водењето на бизнис;
– Центар за обука на ученици од руралните семејни домови, разгледување на нивните лаборатории за истражување на квалитетот на виното и дружење со нивните ученици и професори;
– Фамилијарна винарија за производство на органско вино; – Лозови насади, принципот на нивнаобработка, алати и машини со кои работат и дегустација на органски вина;
– Регионално здружение со органски производители INTERBIO-NOVELLE AKUITAINE кое собира околу 200 организации и оператори што произведуват повеќе од 3000 органски производи за вкупен износ од повеќе од 1 милијарда евра;
– Вински бар кој продава и промовира органско вино;
– Природно-научниот музеј;
– Градот на виното.
Од едукативниот дел:
– Презентирање на нашето училиште и можностите кои ги има во Центарот за обука на ученици;
– Курс за креирање на бизнис;
– Едукација за производство на органско вино;
– SWOT анализа на бизнис планови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *