Еднодневен едукативен семинар со работен наслов „Демократијата и Собранието“

На 7 февруари 2020 година, ученичките од IV година гимназија Моника Пејчиќ, Танкица Георгиева, Ружица Тенекиџиева и Костадинка Митровиќ учествуваа на еднодневен едукативен семинар за средношколци со работен наслов „Демократијата и Собранието“.
Целта на семинарите е приближување на работата на Собранието на Република Северна Македонија до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за придобивките од демократијата.
Учесниците на семинарот имаа можност низ организирана обиколка да ги разгледаат и најрепрезентативните простории од зградата на Собранието, како важно обележје на македонската државност.
На присутните ученици им беше доделен сертификат за учество на семинарот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *