Образовно рандеву во ОСУ “Мирко Малевски” – Кичево

На 12 и 13 април 2019 година, во ОСУ „Мирко Милевски“ во Кичево, се одржа 13 по ред Образовно рандеву. Учествуваа ученици од 46 средни стручни училишта кои се натпреваруваа во 17 категории. Учениците од нашето училиште учествуваа во неколку категории училишен штанд, интервју за работа, соло пеење, спортски дисциплини и др. Училишниот штанд беше во групата на училишта кои беа рангирани на второто место . Инаку
Младинска Асоцијација на Средните Стручни училишта во Македонија-МАССУМ, официјално постои од 2006 година и има за цел да го подобри животот на младите, да ги подготви за лидерство, нивен личен напредок и поголем успех во кариерата.
Мисијата на МАССУМ е подобрување на личните вредности на учениците и нивна подготовка за светот на конкуренцијата преку лидерство, практична работа и учење.
Цели на МАССУМ:
Кај учениците:
– да се развие свеста за глобалното значење на демократијата и нејзиниот придонес за развој на општеството,
– да се развијат способности / вештини за:
комуникација,
толеранција,
тимска работа,
решавање на проблеми,
организирање на активности,
правилно искористување на ресурси,
компетентно и напредно лидерство,
– да се развие чувство на одговорност, самодоверба и доверба во работата и соработниците;
– да учествуваат и постигнуваат успеси во организирани активности (натпревари, настапи, промоции),
– да се промовираат во граѓани со правилен избор на професија и успешна кариера.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *