Посета на СОУ „Гоце Делчев“ од страна на Амбасадорката на Швајцарија, Н. Е. Сибил Зутер Техада и Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов

На 25. 02 2020 г. СОУ „Гоце Делчев“ беше посетено од страна на Амбасадорката на Швајцарија, Н. Е. Сибил Зутер Техада и Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов.
Се разгледа опремената Информатичка училница, една од трите, со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка преку проектот “Зајакнување на општинските Совети”.
Имплементираниот подпроект “ИКТ лабораторија со соодветна хардверска и софтверска опрема и училиштен медиум” беше предложен и избран од учесниците на форумот одржан кон крајот на 2018 г. и чини 2, 7 милиони денари вкупно за трите училишта во Валандово.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *