Проект „Нуклеус био ѕид – Алавандово“

UPSHIFT е програма развиена од страна на УНИЦЕФ и има за цел преку решавање на социјални проблеми и предизвици да им помогне на младите луѓе да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства. Програмата ја реализира CEED Hub Скопје со поддршка на Министерство за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој, УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието. 
Нашето училиште учествуваше со проект за вертикални градини „Нуклеус био ѕид – Алавандово“. Идејата беше избрана како една од петте најиновативни помеѓу 50 -ет други. Добивме грант и училиштето ќе развие еден нов производ. Ќе се размножуваат цвеќиња и ќе се засеат нови. Се во корист на стручното образование.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *