СОУ Гоце Делчев домакин на ТВ ВИС од Струмица

Нашето училиште на ден, 05. 02 2020 година беше домаќин на ТВ Вис од Струмица. Новинарите од оваа регионална телевизија Сузана Мицева и Ване Трајков одржаа предавање пред учениците на тема Медиумска писменост. Акцентот беше ставен на информациите кои се пласираат на различните медиуми. Новинарите ги запознаа учениците со начинот на подготовка на една вистинска новинарска приказна, со кои факти треба да е поткрепена, што треба да содржи и најважно, како да се открие лажна вест. Тие, исто така, ја поздравија иницијативата и реализацијата на идејата Училиштен медиум во нашата општина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *