Уписи за учебната 2017/18

Согласно распишаниот Конкурс за запишување на ученици од Министерството за образование и наука на Република Македонија, Наставничкиот совет при СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово во прва година ќе запише вкупно 170 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик според следните планови и програми за:

1. ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ

68 Ученици – 2 паралелки – 60 минимум поени

При пријавувањето во гимназиско образование потребно е учениците уште при самиот упис согласно своите афинитети да се определат за соодветното подрачје и комбинација (А или Б) што ќе ја изучуваат во текот на нивното образование. Учениците треба да се определат според следните наставни планови и програми за гимназиско образование:

  • Природно-математичко подрачје (комбинација А)
  • Природно-математичко подрачје (комбинација Б)
  • Општествено-хуманистичко подрачје (комбинација А)
  • Општествено-хуманистичко подрачје (комбинација Б)

Ученикот може да се определи за било која комбинација од двете подрачја со можност во пријавата да нагласи кој му е прв избор, а доколку не ги исполнува условите или нема место во тоа подрачје да се разгледува неговиот втор избор за истото подрачје.

2. ЗЕМЈОДЕЛСКО-ВЕТЕРИНАРНА СТРУКА – 102 ученици, 3 паралелки

  • Техничар за фармерско производство – 34 ученици – 1 паралелка – 4 години – 40 минимум поени;
  • Лозаро-винарски техничар – 34 ученици – 1 паралелка – 4 години – 45 минимум поени;
  • Градинар цвеќар (реформиран наставен план) – 34 ученици – 1 паралелка – 3 години – 30 минимум поени;

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

  • Кандидатите треба да имаат завршено основно образование;
  • Да не се постари од 17 години;
  • Да се определите за еден од изборните планови и програми утврдени со овој конкурс;

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

  • Пријава за запишување (ја подигнува во училиштето и истата е бесплатна)
  • Оригинални свидетелства од VI – IX одделение;
  • Извод од матична книга на родените (без оглед на датумот на издавање).

КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока:

  • ЈУНСКИ РОК со две пријавувања:

Прво пријавување во јуни се врши на 28 и 29 јуни 2017 год. а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2017 година;

Второто пријавување за ученици во јуни се врши на 5 јули 2017 год., а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 6 јули 2017 год.

  • АВГУСТОВСКИ РОК:

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши на 24 август 2017 година во училиштата во кои има непотполнети места, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2017 год. Доколку има непотполнети места со овој Конкурс уписот на ученици продолжува до 31 август 2017 г.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ

  • Среден успех на ученикот од V до IX одделение;
  • Среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два  предмети што се од значење на струката);
  • Дипломи од освоени (I,II,III) места од меѓународни и републички натпревари;
  • Средната вредност од поени добиени за поведение.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *