Учество во работилница во Европска куќа-Скопје

Учениците Марија Илиевска, Теодора Илиева, Донче Јакимовски и Јован Милошовски од нашето училиште беа дел од работилницата ,,Мобилна апликација за Европската куќа”. Учествуваа заедно со други ученици, нивни врсници од средни училишта од Македонска Каменица, Кичево и Скопје. Целта на оваа работилница е учениците со својата креативност и со своите идеи да придонесат за создавање на мобилна апликација на Европската куќа која ќе им помогне на самите ученици, а и останати граѓани кои сакаат да организираат настани или да присуствуваат на истите.
Нашите ученици се среќни што ја имаа шансата да присуствуваат на оваа работилница, да ги искористат својата креативност и имагинација и да помогнат во создавање на една таква апликација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *