22 април – Ден на планетата Земја

22 април – Ден на планетата Земја, ден – празник на единствениот дом на сите живи суштества. Првпат е одбележан во САД, 1970 година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата. Од 1992 година се одржува и во околу 175 земји во светот.
Нашите ученици денес го одбележаа со кратко предавање и поделба на флаери со основни информации. Овој настан е дел и од Ерасмус плус проектот “Сјајот на природата”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *