28 – ми меѓународен натпревар Dr. Ibrahim Arıkan MEF Educational Institutions Research Projects Contest во Истанбул, Турција.

Од 6 – ти до 10 – ти мај учениците од II година гимназија при СОУ „Гоце Делчев“ Валандово, Елена Гребенакова и Борис Китановиќ, под менторство на професорите Ташка Гетова и Стојан Манолев учествуваат на финалето на 28 – от меѓународен натпревар Dr. Ibrahim Arıkan MEF Educational Institutions Research Projects Contest во Истанбул, Турција. 
На натпреварот учествуваат ученици од цел свет со свои иновации.


Од финалето на 28 – от меѓународен натпревар Dr. Ibrahim Arıkan MEF Educational Institutions Research Projects Contest во Истанбул, учениците Елена Гребенакова и Борис Китановиќ се враќаат со признанија влегувајќи во првите десет рангирани тима помеѓу тимови од целиот свет. Честитки за успехот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *