Земјоделство, рибарство и ветеринарство
Избери една од програмите и струките на СОУ „Гоце Делчев“ Валандово.
Агротехничар
Со овој профил ученикот се оспособува за:
- Планира, организирање и раководење со работата во поледелското, градинарското, цвеќарското, лозарското и овоштарското производство
- Контролирање на процес на производство на земјоделски производи
- Препознавање на специфичноста на одредени технологии во растителното и животинското производство, применување на технологии на растително и животинско производство,
- Користење земјоделски машини, уреди, алати и опрема во растително и животинско производство,
- Користење современи методи и средства за заштита на растенијата,
- Спроведување на принципите на добра земјоделска практика и одржлив развој,
- Ги следи и применува законските прописи за безбедност при работа и заштита на животната средина,
- Ги применуваат основите на претприемачкиот бизнис и организацијата на работата.
270+
Области на учење
29 : 1
Ученик-наставник
5,723
Годишно запишани
#28
Најдобар успех
Техничар за фитомедицина може да се вработи во:
- Работа во јавни институции како технички соработник: Техничар за педолошка и агрохемиска анализа
- Компании за производство и преработка на земјоделски производи: Техничар во фарма
- Градинарски, овошни, лозови и вински компании.
- Земјодеслки компании: оранжерии, пластеници, пчелно производство, продавници за вино и производство на сок, сточарско производство
- Работа на линии за преработка на земјоделски производи.
- Да отпочне свој бизнис
- Самовработување во системот на земјоделски претпријатија, самостојно вршење на дејности во земјоделството и земјоделски задруги кои се занимаваат со земјоделско производство.
- Да го продолжи своето образование во високообразовна институција
- Зголемени шанси за вработување во истата компанија каде има практична обука.
Училиштето располага со:
- Сопствени капацитети за практична обука
- Сопствено производство – производство на здрава, органска храна и пијалоци за здрави навики и здрав живот
- Пластеник
- Стакленик
- Пчеларник
- Механизација за осовременување и модернизирање на практичната настава (трактор, приклучни машини)
- Винарија
- Линија за производство на сок од калинка
Часовите учење преку работа кај работодавач и феријална практика се изведуваат во фирмите:
- Пего Агрофруит,
- Дим Комерц,
- Еко оранжерии Анска Река,
- Млекара Вардарец,
- Тера Мегдан.