Back

Гимназиско образование

Избери една од програмите и струките на СОУ „Гоце Делчев“ Валандово.

HomeГимназиско образование

Гимназиско образование

Со Наставниот план се утврдени компонентите кои се задолжителни за сите ученици и рамките во кои треба да се движат училиштата при утврдувањето на останатите компоненти на наставниот план. Тоа значи дека на училиштата (директорите, наставниците, учениците) им се дава извесна слобода во креирањето на изведбените наставни планови. Наставниот план е структуриран од четири организациско-содржински компоненти: задолжителни предмети, изборни предмети, задолжителни изборни програми и проектни активности.

Природно – математичко подрачје (комбинација А)
Природно – математичко подрачје (комбинација Б)
Опшествено – хуманистичко подрачје (комбинација А)
Опшествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б)

270+

Области на учење

29 : 1

Ученик-наставник

5,723

Годишно запишани

#28

Најдобар успех

Задолжителни предмети

Задолжителните предмети ја сочинуваат заедничката програмска основа. Тие се заеднички и задолжителни за сите ученици запишани во општа гимназија. Со нив се обезбедува општообразовно ниво на хоризонтални и вертикални знаења кај учениците. Тука спаѓаат содржини од современото општо образование кои во прва година почнуваат со 10 (11) наставни предмети, па чекор по чекор во четврта година се доаѓа до бројка од 5 (6) наставни предмети. Оваа компонента на Наставниот план ја сочинуваат 12 (13) наставни предмети распоредени во четирите години. Поголемиот дел од наставните предмети во континуитет продолжуваат од основното образование. Програмите за овие наставни предмети ги изготвува Бирото за развој на образованието во соработка со соодветните факултети и наставници од училиштата, а ги донесува министерот за образование и наука.

Изборни предмети

Изборните предмети се групирани во две изборни подрачја: природно-математичко и општествено-хуманистичко. Оваа поделба соодветствува на групираноста на науките во високото образование, а претставува и прегледно групирање на програмските содржини врз основа на што ќе се определуваат учениците.
Секое училиште е должно да обезбеди услови за реализација на воспитно-образовна работа во најмалку две изборни подрачја. Ученикот, од најмалку двете изборни подрачја што му ги нуди училиштето, се определува за едно во втора година, најдоцна до крајот на наставната година преку анкетен лист.
Во втора година постои разлика само во еден изборен наставен предмет, ученикот може да го смени изборното подрачје и/или училиштето најдоцна до крајот на втората учебна година (30 август во тековната година), ако за тоа постојат услови во училиштето.
Изборните предмети имаат функција на продлабочување и проширување на знаењата на учениците. Изборноста е застапена преку наставни предмети кои се јавуваат под ист назив како дел од задолжителните предмети и преку наставни предмети под различни називи од називите на задолжителните предмети кои претставуваат делови или изводи од научните дисциплини.
Изборните предмети се програмирани со по 2 и 3 часа неделен фонд од втора до четврта година. Наставните програми за изборните предмети ги подготвува Бирото за развој на образованието во соработка со соодветните факултети и наставниците од училиштата, а ги донесува министерот на образование и наука.
Во прва година нема изборни предмети. Во втора година ученикот од листата на изборни предмети избира еден предмет. Бројот на часовите за изборните предмети постапно се зголемува од 2 во втора до 9 часа во четврта година.

Листа на изборни предмети (II година)
1. Информатичка технологија 2 часа
2. Етика 2 часа

Должности на училиштето

Училиштето е должно, според интересот и желбите на учениците и според своите кадровски и просторни можности и услови, да понуди изборни предмети од кои ученикот избира еден. Училиштето ги запознава учениците со листата на изборните предмети во текот на првата година, а ученикот се определува за еден предмет од листата најдоцна до крајот на првата наставна година. Ученикот може да го смени изборниот предмет најдоцна до крајот на првата учебна година (30 август во тековната година) доколку за тоа постојат услови во училиштето.

За секое изборно подрачје во трета и четврта година се утврдени листи на изборни предмети. Секое изборно подрачје содржи две комбинации на изборни предмети. Комбинациите на изборните предмети се утврдени врз основа на логичките и функционалните односи помеѓу сродните научни дисциплини. Со овие комбинации на секој ученик му се дава можност да се развива во оној правец во кој ги покажува и изразува своите желби, интереси, способности, како и да се информира и подготви за соодветни студии. Училиштето е должно да ги информира учениците за можните комбинации на изборни предмети во текот на втората година на школувањето, а ученикот треба да се определи за една комбинација на изборни предмети на крајот на втората наставна година. Ученикот може да ја смени комбинацијата на изборни предмети најдоцна до крајот на втората учебна година (30 август во тековната година), доколку за тоа постојат услови за училиштето. По определувањето за одредена комбинација на изборни предмети, секој предмет од таа комбинација за ученикот станува задолжителен и влијае врз неговиот општ успех и правото за напредување.

За секоја комбинација на изборни предмети, со посебни – изведбени наставни планови се дефинираат бројот, називот, распоредот и фондот на часовите на изборните предмети по години.

Изборни подрачја во III-та и IV-та година