Машинство
Избери една од програмите и струките на СОУ „Гоце Делчев“ Валандово.
Техничар за компјутерско управување
Со овој профил ученикот се оспособува да:
- Ракува и програмира CNC машини,
- Изработува техничка и технолошка документација за обработка на металите со режење и пластична деформација,
- Ракува со алатни машини, изработува метални конструкции,
- Изработува и одржува алати и изведува заварувачки работи,
- Користи алат,
- Ракува со машини и уреди за изработка на производи од пластични маси,
- Ја планира, организира, следи и оптимизира работата,
- Решава проблеми, контролира квалитет на алати, уреди, материјали и производи, согласно со проектната документација.
270+
Области на учење
29 : 1
Ученик-наставник
5,723
Годишно запишани
#28
Најдобар успех
Техничарот за компјутерско управување може да се вработи во:
- Претпријатија за изработка и монтажа на конструкции со и без заварување,
- Претпријатија за изработка и одржување алати, машини и опрема,
- Преработувачката индустрија,
- Автомобилската индустрија,
- Секаде каде што има машини и постројки и потреба за нивно производство и одржување.,
- Сопствен бизнис.
Училиштето располага со:
- Опремени кабинети со современа ИТ и компјутерска опрема,
- Едукативни софтвери: AutoCAD 2020-22, Autodesk inventor 2020-22,
- 3Д принтер Ender-3max,
- Соодветни нагледни средства, алати за мерење и контрола, разновидни машински елементи, опрема, алатки, прибор и инструменти,
- Земјоделска механизација и машини за преработка на земјоделски производи кои имаат потреба за одржување.

Часовите учење преку работа кај работодавач и феријална практика се изведуваат во фирмите:
Дојран Стил
МД Страиште
Дим Комерц
Фанси Корнер Цопанелис
Баки
Гемапласт Тим
Видиа Ване
ДГТ Жикол
Серво волан