Back

Земјоделство, рибарство и ветеринарство

Избери една од програмите и струките на СОУ „Гоце Делчев“ Валандово.

HomeЗемјоделско-фитомедицина

Техничар за фитомедицина

Примената на современи агротехнички мерки и современи земјоделски машини е важен услов за добивање на високоприносни, квалитетни и конкурентни земјоделски производи.

Земјоделецот ќе треба да се менува во новите, пазарни услови. Тој ќе треба да се сконцентрира на производство на здрава и еколошки прифатлива храна. Само така земјоделецот ќе може да се избори за местото кое заслужено му припаѓа во општеството.

270+

Области на учење

29 : 1

Ученик-наставник

5,723

Годишно запишани

#28

Најдобар успех

Со овој профил ученикот се оспособува да:

- Препознава и идентификува симптоми на болести кај лозарски и овоштарски култури,
- Препознава и идентификува симптоми на болести кај градинарски и цвеќарски култури,
- Препознава и идентификува симптоми на болести кај поледелски култури,
- Препознава и идентификува економски значајни штетници кај зем.култури,
- Препознава и идентификува плевели
- Ги препознава поголем дел од хемиските средства за заштита,
- Да дава правилна и навремена дијагноза и терапија за болестите, плевелите и штетнциите,
- Ги распознава земјоделските машини и уреди,
- Познавање на законските прописи во заштитата на растенијата,
- Препорачување и применување на производи за заштита на растенијата согласно со нивната регистрација

Техничар за фитомедицина може да се вработи во:

- Земјоделски комбинати,
- Земјоделски аптеки,
- Оранжерии,
- Во компании кои се занимаваат со одгледување на повеќегодишни култури (насади со лоза и овошни насади),
- Консултатски фирми од областата на заштита на земјоделските култури,
- Сопствен бизнис,
- Да го продолжи своето образование на соодветна високообразовна институција.

Училиштето располага со:

- Комплетно опремени кабинети за изведување на настава,
- Насад со винова лоза, јапонски јаболки, калинка и овошни култури,
- Пластеник за одгледување на градинарски и цвеќарски култури,
- Површина под поледелски култури,
- Опрема и уреди кои се користат за заштита на насадите од болести, плевели и штетници,
- Трактори и различна приклучна механизација,
- Каталози и брошури со хемиките средства за заштита.

Часовите учење преку работа кај работодавач и феријална практика се изведуваат во фирмите:

- Земјоделска аптека Агромол Мицеви Јосифово,
- Земјоделска аптека Феникс трејд Валандово,
- Пегоагрофруит,
- Денмарк трејд Јосифово,
- Еко оранжерии Анска река Валандово.

Настани

15
Окт
Autumn 2022
08:00 - 17:00
Venice, Italy
30
Сеп
Summer School 2022
08:00 - 17:00
NewYork, USA
23
Дек
Build Education Website Using WordPress
08:00 - 17:00
Chicago, US
Сите настани