Back

Учете со страст да живеете со цел.

Училиште со долгогодишно искуство и професионална ориентација кон создавање на искусни кадри преку нашите програми за стучно усовршување.

94532
Партнери во светот
1223
Часови
325
Ученици
35
Наставници

1960-1964

Училиштето започнува да работи во учебната 1960/61 година како неполно средно училиште со земјоделски смер со практична обука наречено „Каме Полизов“. Во 1964 година била изградена училишната зграда со што се создале услови за прераснување на училиштето во полно (четиригодишно) средно училиште со образовен профил земјоделски техничар. 

1966-1972

Во учебната 1966/67 година го завршила школувањето првата генерација матуранти. Подоцна во 1972/73 година во училиштето се воведуваат и гимназиски паралелки како истурени паралелки на струмичката гимназија.

1973-1991

Од почетокот на учебната 1973/74 година со одлука на Собранието на Општина Валандово започнува со работа новооснованата гимназија под името Гоце Делчев кон која се присоединуваат и паралелките од Земјоделската струка со што станува Училишен центар за средно образование. Во 1991 година училишната зграда беше реконструирана и  дограден нов дел.

2021-2023

Во учебната 2021/22 година воведено е дуалното образование во стручните паралеки.

Денеска во училиштето се реализираат наставни планови за гимназиско и стручно образование. Од стручното образование застапени се секторите: Земјоделство, рибарство и ветеринарство со квалификациите – агротехничар и техничар за фитомедицина, сектор Машинство со квалификација- техничар за компјутерско управување и сектор Здравство и социјална заштита квалификација- дентален асистент.

Во гимназиското образование, учениците се определуваат за едно од следните две подрачја: општествено-хуманистичко и природно – математичко подрачје. Наставата во училиштето се изведува во современо опремени кабинети со ИТ технологија и наставни помагала.

Образовно-работната практика на училиштето

Образовно-работната практика учениците од земјоделската струка ја изведуваат на површините од училишната економија. Учење преку работа се реализира во компаниите во општината. Во рамките на училишната економија и училиштето располага со 0,4 хектари лозов насад, 6 хектари житарица, 0,5 хектари насад со јапонско јаболко, 0,2 хектари калинка и други овошни насади. Располага со земјоделска механизација за практична обука и обработка на површините. Во училишната економија училиштето располага со мини винарија, линија за производство на сок од калинка, пластеник, ладилник и други помошни простории.

Што не прави посебни?

Професионалната наставна структура, практичната настава и стекнување на практично искуство.

courses-7
Училиштето започнува да работи во учебната 1960/61 година.
Дознај повеќе
courses-4
Во училиштето се реализираат наставни планови за гимназиско и стручно образование.
Дознај повеќе
courses-8
Учење преку работа се реализира во компаниите во општината.
Дознај повеќе

Запознај го нашиот тим

од наставници и стручни соработници

Owen Christ
After working as a software developer and...
Betty
After working as a software developer and...
George Clinton
After working as a software developer and...
George Richards
After working as a software developer and...
Betty Milner
After working as a software developer and...

Најдобра средина за учење