Back
ИНФОРМАЦИИ ЗА ФИНАНСИСКАТА ТРАНСПАРЕТНОСТ И ОТЧЕТНОСТ ЗА РАБОТАТА НА
СОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАЛАНДОВО
HomeДокументација

Информации од јавен карактер

Во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, обезбедена е јавност и отвореност во работењето на имателите на информации и се овозможува на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Основни поими
„Иматели на информации“ се органите на државната власт и други установи и институции утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, јавните установи и служби, јавните претпријатија и правни и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејности од јавен интерес утврдени со закон.
„Информација од јавен карактер“ е информација во која било фирма која ја создал и со која располага имателот на информацијата, односно со неа располага само имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности.
„Барател на информација“ е секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа, на начин и под услови утврдени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Годишни програми и извештаи

Годишните програми и извештаи за работата на институцијата се дел од законската обрска за нивно изготвување и објавување на интернет страницата на институцијата.
Овој дел содржи информации за програмите и извештаите на СОУ „Гоце Делчев“ Валандово.

Финансиска транспарентност

Фискалната транспарентност е важен елемент за ефективно управување со јавните финансии, помага во градењето на доверба на јавноста во работењето на јавните институции и придонесува за одржливост во спроведувањето на јавните политики. Транспарентноста, исто така претставува прозорец кон буџетското работење на државата, помагајќи ѝ на јавноста да ја повикa власта на одговорност.