Back

Учете со страст да живеете со цел.

Училиште со долгогодишно искуство и професионална ориентација кон создавање на искусни кадри преку нашите програми за стучно усовршување.

1960-1972

Училиштето започнува да работи во учебната 1960/61 година како неполно средно училиште со земјоделски смер со практична обука наречено „Каме Полизов“. Во 1964 година била изградена училишната зграда со што се создале услови за прераснување на училиштето во полно (четиригодишно) средно училиште со образовен профил земјоделски техничар. 

Во учебната 1966/67 година го завршила школувањето првата генерација матуранти. Подоцна во 1972/73 година во училиштето се воведуваат и гимназиски паралелки.

1973-2020

Од почетокот на учебната 1973/74 година со одлука на Собранието на Општина Валандово започнува со работа новооснованата гимназија под името Гоце Делчев кон која се присоединуваат и паралелките од Земјоделската струка со што станува Училишен центар за средно образование. Во 1991 година училишната зграда беше реконструирана и  бил дограден нов дел.

2021-2022

Во учебната 2021/22 година воведено е дуалното образование во стручните паралелки.
Денес во училиштето се реализираат наставни планови за гимназиско и стручно образование. Од стручното образование застапени се секторите: Земјоделство, рибарство и ветеринарство со квалификациите агротехничар и техничар за фитомедицина, сектор Машинство со квалификација техничар за компјутерско управување, сектор Здравство и социјална заштита со квалификација Дентален асистент и Сектор Електротехника со квалификација Електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Практината настава од сите струки се изведува во над 30 компании во нашата и соседните општини со кои училиштето има склучено договор за соработка.
Во гимназиското образование, учениците се определуваат за едно од следните две подрачја: општествено-хуманистичко А и Б и природно-математичко А и Б подрачје. Нашите ученици стекнуваат основни знаења и вештини за широк спектар на дисциплини и учествуваат на домашни и меѓународни натпревари и настани. Се реализираат проекти од различни ЕУ програми како Еразмус +, RYCO младинска програма, Џуниор ачивмент-Македонија, Глобе програмата итн.

2023-2025

Денес наставата се одвива во една училишна зграда со вкупна површина од 3400м2. Наставата се изведува во современо опремени кабинети со ИТ технологија и наставни помагала. Училиштето располага со: училници со наставни помагала за сите струки, компјутерски лаборатории, смарт табли, ЛЦД проектори, печатари, 3Д печатар, ЦНЦ Гравер, сопствени посеви на грозје, калинки, киви и јапонско јаболко, пластеник со градинарски растенија, сопствена винарија со добиена дозвола за производство на вино, сокара за производство на сок од калинка, сопствени посеви со јачмен, трактори и приклучна механизација. Нашето училиште е модерна институција, енергетски ефикасен објект со вградени соларни панели за производство на електрична енергија.

Што не прави посебни?

Професионалната наставна структура, практичната настава и стекнување на практично искуство.

courses-7
Училиштето започнува да работи во учебната 1960/61 година.
Дознај повеќе
courses-8
Учење преку работа се реализира во компаниите во општината.
Дознај повеќе
Skip to content