Back
HomeДиректор и програма

Директор

Ташка Гетова е родена на 15.06.1970 г. во Гевгелија каде што го завршува основното и средното образование. Економски факултет завршува на УКИМ, а постдипломски студии на Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип.
Од 2004 г. е вработена во училиштето како предметен наствник по Економија, Менаџмент и Бизнис, а потоа и по предметот Бизнис и претприемништво.
Од самиот почеток на работа во образовниот процес одговорно и посветено се оддава на наставата како во насока на свое надоградување, така и во насока на активирање на учениците во воннаставни содржини и содржини за продлабочување на знаењата.
Покрај примарната обврска и одговорност како наставник, работи и помага при извршувањето на различните административни функции, активно организирање на презентации од надворешни лица и институции во и надвор од училиштето, континуирано надгледување на развојот на ученикот како индивидуа, организација и одржување на јавни расправи, изложби и отворени денови на училиштето. Учествува во изработка и поддршка на меѓународни проекти, како и проекти за мултикултурно разбирање меѓу учениците. секогаш несебично залагајќи се за да придонесе кон унапредување на работата на училиштето.

Повеќе информации

Во училиштето е постојано дел од тимот кој ги подготвува и реализира сите дебати и работилници, учествува во подготовка на годишната училишна програма, подготвува анкети и прашалници, прави анализи и извештаи како за својата работа, така и за потребите на училиштето. По обуките спроведени од Центарот за стручно образование се стекнува и со звање Координатор за струка.
Една од нејзините главни цели е учениците да се изградат во личности способни да покажат капацитет во која и да е насока да продолжи нивниот живот-во образовна институција или на пазарот на труд. Самоиницијативна е и тоа проба да им го покаже на учениците како особено квалитетна човекова особина.
Од самото вработување, па сè до денес постојано посетува симпозиуми, работилници, обуки, форуми, трибини во земјава и странство како учесник, обучувач или координатор за што сведочат многубројните сертификати за учество.

Цели

  • Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error sit voluptatem accusantium doloremque laudantium.
  • Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore
  • Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error sit voluptatem accusantium doloremque laudantium.
Skip to content