Реализирање практична настава во ЕУ држави преку Ерасмус+
Уште еднаш, како образовна институција докажуваме дека влогот во подобра настава и обука на сите активни партиципиенти во образовниот процес е најисплатливото нешто за иднината на општеството во кое живееме.
Преку Еразмус+ програмата учениците од секторите Машинство и Земјоделство од СОУ „Гоце Делчев“ Валандово ќе реализираат практична настава во ЕУ држави.
Овозможуваме синтетичко и компаративно следење на наставата по одредени предмети преку различни национални практики, форми и методи.
Проект „Неконвенционални методи на обработка во земјоделството и машинството“.
Главната носечка идеја на проектот е развивање на практичните вештини кај учениците од средното стручно образование.
Двонеделната обука ќе се реализира во компании од земјоделскиот и машинскиот сектор каде учениците ќе имаат можност директно да научат и да работат на машини и опрема согласно нивниот сектор.
Практичните знаења и вештини со кои ќе се здобијат се особено важни за стручното образование.
Tag:Ерасмус+