Конкурс за запишување ученици во учебната 2023/2024 година
К О Н К У Р С
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ПРВА ГОДИНА ВО СОУ „ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАЛАНДОВО
ЗА УЧЕБНАТА 2023/24 ГОД.
Согласно распишаниот Конкурс за запишување на ученици од Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија, Наставничкиот совет при СОУ „Гоце Делчев“ Валандово во прва година ќе запише вкупно 109 ученици во 4 паралелки со настава на македонски јазик според следните планови и програми за:
- ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ:
– општествено- хуманистичко подрачје (комбинација А и Б)
– природно-математичко подрачје (комбинација А и Б)
– 34 ученици, 1 паралелка, 60 минимум поени;
- ЗЕМЈОДЕЛСКО- ВЕТЕРИНАРНА СТРУКА
– Техничар за фитомедицина/ Агротехничар
– 25 ученици, 1 паралелка, 45/40 минимум поени;
- МАШИНСКА СТРУКА
- Техничар за компјутерско управување
– 25 ученици, 1 паралелка, 45 минимум поени
- ЗДРАВСТВЕНА СТРУКА
- Дентален асистент
– 25 ученици, 1 паралелка, 70 минимум поени
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
– Кандидатите треба да имаат завршено основно образование;
– Да не се постари од 17 години;
– Да се определиле за еден од избраните планови и програми утврдени со овој конкурс;
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
-Пријава за запишување (се подига во училиштето и истата е бесплатна);
-Оригинални сведетелства од VI до IX одделение;
-Дипломи од освоени I, II и III места од државни и меѓународни натпреври;
-Извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето и запишувањето на учиците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk.
ПРВО пријавување на од 20 и 21 јуни 2023г. до 15:00 ч, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објавата на 24 јуни 2023г. на огласна табла на училиштето
ВТОРО пријавување и запишување на од 27 и 28 јуни 2023г, до 15:00 ч., а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објавата на 1 јули 2023 г. на огласна табла на училиштето
Доставувањето на потребните документи до училиштата ќе е на 22 јуни од 12:00 до 19:00 часот и на 23 јуни од 07:00 до 19:00 ч. за првото пријавување и на 29 јуни од 12:00 до 19:00 часот за второто пријавување.
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ
– Среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
– Среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (Мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
– Диплома од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари;
– Средна вредност од поени добиени за поведение.
Tag:Запишување, Уписи