Можностите за 3Д печатење стануваат подостапни
Тродимензионалниот печатач е уред способен да формира предмети засновани на креирани дигитални 3Д модели. Производите се добиваат со слоевитост на материјалот. Како основа се користат термопластични и фотополимерни смоли, но со развојот на технологијата, бројот на материјали што се користат како суровини се зголемува.
Постапката за правење производи почнува со процес на создавање на 3Д модел – визуелна слика за идниот производ. Моделот се креира со употреба на специјализиран софтвер. По креирањето на моделот, се обработува датотеката претворајќи ја во дигитален код што го дели целиот модел во многу паралелни слоеви. Така се генерираат команди за 3Д-уредот кои го дистрибуираат материјалот за да го создадат објектот. Последната фаза е 3Д печатење на производот, т.е. процесот на создавање на производ по слој-во-слој примена на материјал.
Процесот на печатење може да се разликува во зависност од технологијата на производство, но општиот процес на создавање производи е да се примени материјал во слоеви.
3Д печатењето се користи во скоро сите сфери на животот.
Компании низ светот развиле органски имитатори кои практично можат да ги заменат природните ткаенини. Исто така, 3Д печатењето може да помогне во сферата на протетиката, но и за правење макети на органи.
3Д печатарите не им помагаат само на луѓето, туку и на животните. Еден од попознатите случаи е создавање школка за желка која била оштетена во шумски пожар. Новата школка го спасила и го продолжила животот на желката. Друг уникатен случај е направена протеза на нозе на слон.
3Д печатењето во образованието
3Д печатењето е технологија која може да обезбеди многу можности и предизвици за образованието. Тоа може да им помогне на учениците да ја развијат својата креативност, соработка, решавање проблеми и вештини за критичко размислување, за да ги подготват за професиите во иднина и општеството.
Учениците можат да ја истражуваат својата креативност преку 3Д печатење. Учениците можат да размислуваат надвор од кутијата за да создадат сложени 3Д модели со прецизни детали. Ова исто така може да биде корисно за ученикот да ги развие своите вештини за решавање проблеми.
Наставниците можат да применат 3Д печатење во широк спектар на теми и активности: рекреираат историски градби, создаваат човечки скелети и внатрешни органи, градат математички експерименти и прават накит, и уште многу примери.
Учениците во СОУ „Гоце Делчев“ Валандово преку образовниот профил Техничар за компјутерско моделирање имаат можност да го запознаат светот на 3D моделирањето и конструирањето. Со помош на 3D Printer Ender 3 max and CNC engraver 6040 кои што училиштето ги поседува, учениците стекнуваат знаења и вештини потребни за професиите на иднината.
Tag:3Д принт