Работилница „Стратешки менаџмент и мониторинг“
Ученици од СОУ „Гоце Делчев“ Валандово минатата седмица учествуваа на работилница организирана од Преда Плус во Дојран.
Тема на работа Стратешки менаџмент и мониторинг, со примена на алатката Бизнис модел Канвас за развој на бизнис стратегија и планирање на бизнис активности.
Учењето како да се користи Бизнис модел Канвас може да им обезбеди на младите претприемачи вовед во еден креативен процес од собирање и вреднување на информации до анализа и тестирање, со цел да им ги приближи начините како можат да креираат уникатни вредности на пазарот.
Работилницата им даде можност на сите присутни активно да се вклучат и да ги развиваат своите претприемачки вештини и самодоверба.
Проект Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор- „IDEAS“ имплементиран од Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија, Мрежа за рурален развој и Американско земјоделско училиште од Солун, Грција со финансиска поддршка од ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција.
Tag:менаџмент, Преда плус