Државна матура
- Posted by Гоце
- Categories Државна матура
- Date 11 March, 2025
Државна матура
Училишна матура
Училишната матура е наменет за учениците од гимназиското образование кои не се определиле за државната матура. Целта на овој испит е добивање сертификат за завршено гимназиско образование.
Училишната матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети кои се вклучени во листата за училишна матура.
За повеќе информации посетете го сајтот на www.matura.gov.mk
Завршен испит
Овој испит е наменет за учениците од четиригодишното средно стручно образование кои нема да полагаат државна матура. Целта на овој испит е добивање на сертификат за завршено четиригодишно средно стручно образование.
Завршниот испит се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети.
Завршниот испит опфаќа: задолжителен дел, изборен дел и проектна задача.
За повеќе информации посетете го сајтот на www.matura.gov.mk
Tag:државна матура