Глобе програма

Програмата GLOBE - Глобално учење и набљудување во полза на животната средина, е светска научна и образовна програма која ја координира работата на учениците и наставниците со цел да се проучува и разбере состојбата на животна средина. GLOBE Програмата беше иницирана во 1994 година од страна на американскиот потпретседател Ал Гор и официјално започна на 22 април 1995 година на 25 годишнината на Денот на Планетата Земја. Главен спонзор на Програмата е НАСА (американска Национална агенција за атмосфера и вселенска асоцијација), а партнери за спроведување се Националната агенција за океани и атмосфера (НОАА), американската Национална фондација за наука и американскиот Стејт Департмент. Во Програмата досега се вклучени повеќе од 127 земји со над 42 351 училишта и обучени се околу 52 526 GLOBE тренери кои досега во GLOBE базата на податоци внеле околу 270 милиони податоци. GLOBE Програмата започна да се спроведува во Република Северна Македонија од 24 август 1998 година и за овој период GLOBE мрежата предизвика голем интерес меѓу учениците и наставниците од основните и средните училишта. Во Програмата до 2024 година се вклучени вкупно 64училишта (17 средни и 41 основни) и една градинка. GLOBE Програмата во Македонија имплементира протоколи од сите пет главни области на истражување: Атмосфера Биосфера Хидросфера Педосфера и Земјата како систем. Нашето училиште СОУ „Гоце Делчев” -Валандово во програмата е вклучено од 1998 година а првите мерења се започнати од 1999 год.Кординатор на ГЛОБЕ програмата во училиштето е проф.по Хемија Милан Гугицев кој воедно е и ГЛОБЕ тренер по Хидрологија на национално ниво.Во рамките на ГЛОБЕ програмата учениците и наставниците од нашето училиште учествуваат на многу ГЛОБЕ настани и проекти во државата и надвор од неа каде имаат освоено и многу награди.Исто така преку ГОБЕ програмата имаат можност да соработуваат со други ГЛОБЕ училишта.Своите мерења учениците ги изведуваат редовно во училиштето и истите ги внесуваат до ГЛОБЕ серверот.Засега нашите ученици имаат испратено најмногу податоци во базата за мерење кои се движаат околу 20 000.


