Back

Преку Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), СОУ „Гоце Делчев“ од Валандово и Средна школа „Свилајнац“ се партнери – добитници на грант преку повикот за Superschools од 2021 година. Проектот беше насловен „Нови лица на стари места“ („New faces to old places“)
Супер училишта (Superschools) е програма на RYCO за училишна размена во Западен Балкан со цел да се поддржи процесот на градење мир и помирување, меѓукултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници.

 
Главна цел на RYCO е да го промовира духот на помирување и соработката меѓу младите во регионот преку програми за размена на млади.
Од 3-ти до 9 април 2022 г. официјално започна првата ученичка размена во Валандово. Гостите го посетија СОУ „Гоце Делчев“ Валандово и се запознаа со училишните капацитети, остварија средба со Градоначалникот Перо Костадинов. Потоа се запознаа со историјата на Валандово преку посета на изложбата во Домот на културата „25 Мај“, а поважните места и институции во градот ги запознаа преку многу интересна игра Treasure hunting пронаоѓајќи котни точки со мапа в раце. Вечерта заеднички гледаа филм… Се реализираше работилница на тема „Мултикултурен дијалог“ со предавачот Ена Утевска од Колектив Зет (Kolektiv Z) и се обработија теми за вредности, култура, праведност, мир и ненасилна комуникација. Следуваше прекрасен рекреационен и спортски ден. Учениците уживаа во прекрасната околина над Валандово пешачејќи до манастирот „Св Ѓорѓи“ и месноста Извор. Таму имаа јога час во мирната атмосфера што ја нуди околината на манастирот. Дружбата продолжи во натпреварувачки дух преку спортски игри. Имавме и креативни работилници на кои учениците изработуваа свеќи, декорираа шишиња за вино и сок, саксии кои ги изработија од гипс, изработија видео и ги средија фотографиите од изминатата училишна размена. Последната вечер организираа лотарија каде како награда беа доделени нивните изработки…


Од 8-ми до 16-ти мај 2022 г. пак, се реализира втората размена од проектот помеѓу двете училишта. Учениците од Валандово беа во посета на СШ „Свилајнац”, на градот и околината. Најпрво го посетија училиштето, го разгледаа и ги посетија поважните институции во него. Имаа интересно запознавање со одредени позиции во градот преку натпреварот „Запознај го Свилајнац”. Потоа го посетија прекрасниот Природно-научен музеј во Свилајнац, Дино-паркот кој е во негов склоп, а имаа и работилницa „Активно слушање и ненасилна комуникација“. Следуваше и интересна латино вечер. Посетата на куќата на Стеван Синѓелиќ беше интересна, како и запознавањето со етнографијата на регионот. Прекрасна беше посетата на манастирот Манасија, на Ресавската пештера позната по многубројните сталагмити и сталактити, националниот парк Лисина – изворот на реката Ресава и водопадот Велики бук. Учениците ги покажаа и своите знаења преку квиз кој се реализираше во Центарот за култура во Свилајнац. Беше реализирана и работилница за изработка на проекти каде учениците го завршија започнатиот процес во Валандово за самостојна подготовка на проектни апликации
На крај, како јаготка на шлаг беше реализирани креативна, новинарска и фото – видео работилница за склопување на сите материјали од размената.
Проектот придонесува за севкупната цел за зголемување на вештините и знаењата на младите луѓе во Западен Балкан преку унапредување на образовните системи и промовирање на соработката во регионот, преку воспоставување регионална шема за размена на училишта.

 

 
sougocedelcev Skip to content