Back
HomeЗа насДиректор и програма

Директор

Ташка Гетова е родена на 15.06.1970 г. во Гевгелија каде што го завршува основното и средното образование. Економски факултет завршува на УКИМ, а постдипломски студии на Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип.
Од 2004 г. е вработена во училиштето како предметен наствник по Економија, Менаџмент и Бизнис, а потоа и по предметот Бизнис и претприемништво.
Од самиот почеток на работа во образовниот процес одговорно и посветено се оддава на наставата како во насока на свое надоградување, така и во насока на активирање на учениците во воннаставни содржини и содржини за продлабочување на знаењата.
Покрај примарната обврска и одговорност како наставник, работи и помага при извршувањето на различните административни функции, активно организирање на презентации од надворешни лица и институции во и надвор од училиштето, континуирано надгледување на развојот на ученикот како индивидуа, организација и одржување на јавни расправи, изложби и отворени денови на училиштето. Учествува во изработка и поддршка на меѓународни проекти, како и проекти за мултикултурно разбирање меѓу учениците. секогаш несебично залагајќи се за да придонесе кон унапредување на работата на училиштето.

Цели

Една од нејзините главни цели е учениците да се изградат во личности способни да покажат капацитет без разлика во која насока ќе продолжи нивниот живот - во образовна институција или на пазарот на труд. Самоиницијативна е и тоа им го покажува на учениците како особено квалитетна човекова особина. На секој начин им ја зголемува самодовербата на учениците. Се вложува за да им пренесе трансдисциплинарни искуства за учење на учениците, како преку формалната наставната програма, така и преку различни акциони проекти, воннаставни содржини, кариерни советувања, практични содржини и иновативни практики. Во образовниот процес од кој е дел, посветено го става акцентот онаму каде треба, на ученикот.

Повеќе информации

Во училиштето постојано е дел од тимот кој подготвува и реализира работилници и дебати, учествува во подготовка на годишната училишна програма и стратегискиот развоен план, континуирано подготвува анкети и прашалници со цел анализа на сопствената работа, но и за потребите на училиштето. По обуките спроведени од Центарот за стручно образование се стекнува и со звање Координатор за струка.
Од самото вработување, па сè до денес, заради доусовршување и тек со современите методи, алатки и техники, постојано посетува симпозиуми, работилници, обуки, форуми, трибини во земјава и странство како учесник, обучувач или координатор за што сведочат многубројните сертификати за учество, како и активностите кои ги покренува во училишни рамки.

Skip to content