Back

Лична карта

НА СОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ “ ВАЛАНДОВО

HomeЗа нас

Училиштето започнува да работи во учебната 1960/61 година како неполно средно ушилиште со земјоделски смер со практична обука наречено „Каме полизов. Во 1964 година била изградена училишната зграда со што се создале услови за прераснување на училиштето во полно (четиригодишно) средно училиште со образовен профил земјоделски техничар. Во учебната 1966/67 година го завршила школувањето првата генерација матуранти. Подоцна во 1972/73 година во училиштето се воведуваат и гимназиски паралелки како истурени паралелки на струмичката гимназија.

admission-page-2-4.png

Од почетокот на учебната 1973/74 година со одлика на Собранието на Општина Валандово започнува со работа новооснованата гимназија под името Гоце Делчев кон која се присоединуваат и паралеките од Земјоделската струка со што станува Училишен центар за средно образование.

Поздначајни датуми:

  • Во 1991 година училишната зграда беше реконструирана и дограден нов дел.
  • Во учебната 2021/22 година воведено е дуалното образование во стручните паралеки.
  • Денеска во училиштето се реализираат наставни планови за гимназиско и стручно образование.

ПОВЕЌЕ ЗА УЧЕБНАТА ПРОГРАМА:

  • Од стручното образование застапени се секторите: Земјоделство, рибарство и ветеринарство со квалификациите- агротехничар и техничар за фитомедицина, сектор Машинство со квалификација- техничар за компјутерско управување и сектор Здравство и социјална заштита квалификација- дентален асистент.
  • Во гимназиското образование, учениците се определуваат за едно од следните две подрачја: општествено-хуманистичко и природно- математичко подрачје. Наставата во училиштето се изведува во современо опремени кабинети со ИТ технологија и наставни помагала.
  • Образовно- работната практика учениците од земјоделската струка ја изведуваат на површините од училишната економија. Учење преку работа се реализира во компаниите во општината. Во рамките на училишната економија и училиштето располага со 0,4 хектари лозов насад, 6 хектари житарица, 0,5 хектари насад со јапонско јаболко, 0,2 хектари калинка и други овошни насади. Располага со земјоделска механизација за практична обука и обработка на површините. Во училишната економија училиштето располага со мини винарија, линија за производств на сок од калинка, пластеник, ладилник и други помошни простории.

АКТУЕЛНИ НОВОСТИ

СОУ „Гоце Делчев“ од Валандово и СОУ „Гостивар“ од Гостивар негуваат долгогодишно пријателство во име на мултикултурализмот

Реализација на проект за меѓуетничка интеграција во образованието Со цел унапредување на меѓуетничката интеграција во образованието, учениците од СОУ „Гоце Делчев“ Валандово и СОУ „Гостивар“...

МОН: документи за продолжување на ученичките стипендии се поднесуваат електронски и заклучно со 30 септември

Сите корисници на ученичка стипендија кои правото го оствариле во некоја од  изминатите учебни години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, од 1...

Политика за заштита на децата

Преку проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ директорката, стручната служба и наставниците од училиштето развија функционална и применлива политика за заштита на деца од злоупотреба и...