Електротехничка струка
Избери една од програмите и струките на СОУ „Гоце Делчев“ Валандово.
Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
Со овој профил ученикот се оспособува да:
- Врши интервенции од електротехничка природа на ИТ опрема и автоматизирани процеси;
- програмира компјутерски системи и автоматизирани процеси со примена на програмски јазици;
- самостојно работи со бази на податоци;
- инсталира, одржува и сервисира компјутери, компјутерски мрежи и периферна компјутерска опрема;
- работи со интелигентни системи и роботи;
- извршува интервенции при визуелна и програмска изведба на веб-страници и применува стандарди при работа со компјутерска технологија и др.
270+
Области на учење
29 : 1
Ученик-наставник
5,723
Годишно запишани
#28
Најдобар успех
Техничарот за компјутерско управување може да се вработи во:
- ИКТ индустријата, компјутерски мрежи, интелигентни и роботски системи,
- веб-дизајн,
- производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија,
- осветлување на отворени и затворени површини,
- автоматизирани индустриски погони, станбени објекти, установи за јавни услуги, медиуми, установи за туризам, угостителство, образование, наука, здравство, земјоделие и др.
- да развива сопствен бизнис.
Училиштето располага со:
- опремени кабинети со современа ИТ и компјутерска опрема.
- едукативни софтвери: AutoCAD 2022-24, autodesk inventor 2022-24, Fusion 360, Cura slicer
- 3Д принтер Ender-3max, CNC гравер 6040.
- соодветни нагледни сретства, алати за мерење и контрола, опрема,алатки, прибор и инструменти
Часовите учење преку работа кај работодавач и феријална практика се изведуваат во фирмите:
- Д Интернет Компани Валандово
- Фајбер- Солушнс Валандово
- Фреш Компани Дигитал Гевгелија
- Исан- инжинеринг Гевгелија
- Гемапласт тим Гевгелија