Во организација на СОУ Гоце Делчев Валандово и ViModo Research and Education Hub од Кипар во просториите на нашето училиште се спроведе обука на тема Специјална едукација и Аутизам: „Справување со предизвикувачко однесување во училница-Поддршка на ученици со АСН и/или АДХД“.
На обуката присуствуваа наставници, стручни соработници и образовни асистенти од двете основни училишта и детската градинка од Општина Валандово.