Училиштето се стреми учениците постојано да имаат контакти со институции, фирми и компании за да го почувствуваат духот и мирисот на пазарот на труд. Затоа се реализира меѓуинституционална соработка.
Учениците од III клас Општа гимназија/Општествено – хуманистичко А подрачје во рамки на предметот Вовед во право реализираа посета на Центарот за социјална работа во Валандово. Со
Директорката на ЦСР – г-ѓа Данче Коцевска заедно со тимот стручни работници ги запознаа учениците со нивниот домен на делување при стекнување и одземање на деловна (работна) способност.