Средното општинско училиште „Гоце Делчев“ од Валандово Ве поканува на свечена академија по повод патрониот празник на училиштето и 50-годишниот јубилеј на гимназијата, на 3-ти Мај со почеток во 19 часот во Домот на културата 25-ти Мај, фестивалска сала „Јанко Узунов“.
Ќе биде поставена изложба на фотографии од училиштето и штандови каде учениците ќе покажат што учат и што произведуваат.
Покана до сите сегашни и поранешни ученици и вработени, родители и ученици, вработени и родители од основните училишта, граѓани на општина Валандово заедно да го одбележиме најголемиот и најзначајниот ден на средното училиште.
Да ги запознаеме учениците посебно од првата генерација гимназијалци.