Конкурс за запишување ученици во учебната 2024/2025 година
К О Н К У Р С
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ПРВА ГОДИНА ВО СОУ „ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВАЛАНДОВО ЗА УЧЕБНАТА 2024/25 ГОД.
Согласно распишаниот Конкурс за запишување на ученици од Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија, Наставничкиот совет при СОУ „Гоце Делчев“ Валандово во прва година ќе запише вкупно 134 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик според следните планови и програми за:
- ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ:
– општествено- хуманистичко подрачје (комбинација А и Б)
– природно-математичко подрачје (комбинација А и Б)
– 60 минимум поени;
- ЗЕМЈОДЕЛСКО- ВЕТЕРИНАРНА СТРУКА
– Техничар за фитомедицина/ Агротехничар
– 45/40 минимум поени;
- МАШИНСКА СТРУКА
- Техничар за компјутерско управување
– 45 минимум поени
- ЗДРАВСТВЕНА СТРУКА
- Дентален асистент
– 70 минимум поени
- ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА
– Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
– 55 поени минимум
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
– Кандидатите треба да имаат завршено основно образование;
– Да не се постари од 17 години;
– Да се определиле за еден од избраните планови и програми утврдени со овој конкурс;
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
-Пријава за запишување (се подига во училиштето и истата е бесплатна);
-Оригинални сведетелства од VI до IX одделение;
-Дипломи од освоени I, II и III места од државни и меѓународни натпреври;
-Извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето и запишувањето на учиците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk.
Првото електронско пријавување е од 20 до 25 јуни 2024г. до 15:00 ч, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објавата на 26 јуни 2024г. на огласна табла на училиштето. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 20, 21 и 24 јуни од 07.00 часот до 17.00 часот и на 25 јуни 2024 година од 07.00 до 15.00 часот.
Второто електронско пријавување ќе се врши на 01 јули и 02 јули 2024 година до 15:00 часот, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објавата на 3 јули 2024 г. на огласна табла на училиштето. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 01 јули 2024 година од 07.00 до 17.00 часот и на 02 јули од 07.00 часот до 15.00 часот.
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ
– Среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
– Среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (Мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
– Диплома од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари;
– Средна вредност од поени добиени за поведение.
Директор
М-р Ташка Гетова
Tag:Уписи