Малку поинаков празник: Целата гордост на наставникот е во учениците, во растот на семето посеано од него.
Живееме во ера во која кога сакаме и како сакаме можеме да научиме за многу работи во светот. Но… Мораме да имаме желба да го направиме тоа.
Нашите ученици УЧАТ, ПОЧИТУВААТ, РАБОТАТ, СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ЖИВОТОТ!!!
Честит 8-ми Март!
Припадничките на понежниот пол добија подароци:
Вино направено од учениците од земјоделската струка…
Семе за цвеќе во рециклирана амбалажа изработена од учениците-ем декоративно, ем полезно…
Украсни привезоци компјутерски подготвени и изработени на 3Д печатар од учениците од машинската струка/техничар за компјутерско управување…
Иднината е во младите и со младите, во нашите деца.