Политика за заштита на децата
Преку проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ директорката, стручната служба и наставниците од училиштето развија функционална и применлива политика за заштита на деца од злоупотреба и насилство. Наставничкиот совет во август 2024г. го усвои документот „Политика за заштита на децата“.
Оваа политика е подготвена со поддршка на Коалиција на младински организации СЕГА, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, поддржан од Детската фондација Песталоци. Политиката е во согласност со Упатството за постапката за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување, издадено од Министертството за образование и наука.
Преку овој документ се регулира детектирање, документирање и протокол за постапување во случај на насилство во училиштето.
Превземи документ „Политика за заштита на децата“.
Tag:министерство, политика