
Биди ми пријател, ист сум како тебе
Овој проект е финансиран од ЕУ и Еразмус+ програмата под бр.2020-1-BG01-KA201-079139.
Преку овој проект се реализираа три програмски активности. Првата транснационална средба беше во град Сандански, Р. Бугарија во ноември, 2021 каде партнер училиштаат имаа можностда се запознаат и да ги испланираат идните активности. Во февруари 2022г. во градот Птуј, Р. Словенија се реализираше обука за наставници под наслов „Музиката како мост помеѓу два света- нашиот и светот на децата со аутистчен спектар“. Во април 2022г. во градот Никозија, Р. Кипар се реализираше обука за наставници под наслов „Специјална едукација и аутизам: Како да се менаџира со предизвикувачко однесување во училница- АБА тренинг“.Четворица наставници се запознаа со нови методи и техники за работа со ученици со ПОП.
Четвртиот завршен настан се реализираше во нашето училиште во месец јуни 2022 каде наставници од останатите партнерски организации присуствуваа на завршен состанок.