Back

СОУ „Гоце Делчев“ од Валандово – Лидер меѓу училиштата во 3Д печатењето преку образовниот профил Техничар за компјутерско управување

СОУ „Гоце Делчев“ од Валандово е добитник на грант преку Еразмус+ програмата како партнер во проектот „Step by step in 3D printing“ („Чекор по чекор во 3Д печатењето“). Проектот е одобрен од Националната агенција на Република Србија. Во проектот се вклучени и партнер училиштата Техничка школа од Пирот, Р. Србија како координатор и 1st EPAL of ELEFTHEROUPOLI, Eleftheroupoli од Р. Грција.

Проектот е од Еразмус+ КА210-VET проект -мали партнерства за 2023 г. и е наменет за учениците од Машинската струка- Техничари за компјутерско управување. Преку проектот учениците и наставниците ќе имаат можност да разменат знаења, искуства и развијат заеднички производ со ученици од други земји. Главната цел на проектот е да се развие силна основа во дигиталното моделирање за да можат учениците и наставниците да користат алатки и компјутерски софтвери, како и да научат дел од креативните и техничките вештини кои се кријат зад уметноста на 3Д светот.

Практичната материјална цел на проектот е учесниците да изработат дидактички материјал:

  1. Прирачник за ЗД моделирање и печатење,
  2. Прилагоден прирачник за ученици со потешкотии во учењето,
  3. Курикулум за 3Д принтање и
  4. Изработка на веб платформа наменета за 3Д печатење.

Проектот ќе се реализира од 01.10.2023 до 31.03.2025 г. со три мобилности во трите држави. Секоја мобилност има посебна тема на работа.

  1. Техничка школа, Пирот, Србија – „From idea to 3D model” („Од идеја до 3Д модел“) (5 работни дена – февруари, 2024)
  2. СОУ Гоце Делчев Валандово – „Convert and Print” („Конвертирај и печати“) (5 работни дена – април, 2024)
  3. 1st EPAL of ELEFTHEROUPOLI, Eleftheroupoli – „3D printing inindustry” (Индустријата на 3Д печатењето“) (5 работни дена – октомври, 2024)

Пред почетокот на мобилностите учениците преку Etwining платформата ќе имаат можност да се запознаат, соработуваат и развиваат нови идеи преку кои ќе го збогатат образовниот процес.

Една од најперспективните области во современиот свет е создавање на тродимензионални предмети со користење на 3Д печатење. Технологијата на печатење овозможува креирање на детални производи. Во денешницава употребата на тродимензионално печатење е можна насекаде.

СОУ „Гоце Делчев“ Валандово полека но сигурно станува лидер меѓу училиштата во 3Д печатењето преку образовниот профил Техничар за компјутерско управување.

По 18 месеци напорна работа на Еразмус+ проектот „Чекор по чекор во 3Д печатењето“, училиштата-партнери успешно ги завршија следниве проектни резултати:

  1. Прирачник Чекор по чекор во 3Д печатењето на англиски, македонски и грчки јазик
  2. Наставна програма на англиски, македонски и грчки јазик
  3. Адаптирана верзија на прирачникот Чекор по чекор во 3Д печатење за деца со проблеми во учењето
  4. Веб-страница на проектот каде сите заинтересирани за темата 3Д печатење можат да ги преземат резултатите од проектот

Се надеваме дека ќе биде корисна алатка за нашите ученици и наставници, како и за многу други ентузијасти на темата 3Д печатење!

 
sougocedelcev Skip to content