Back

СОУ ,,Гоце Делчев Валандово на 10.10 2023г. на плоштадот во Валандово организираше манифестација на македонските валандовски земјоделски производи за промоција на домашните брендови и бизниси

Со наслов: ЕСЕНСКИ ЗЛАТНИ БОИ ПРЕТОЧЕНИ ВО ВАЛАНДОВСКИ ПЛОДОВИ

На манифестацијата  се направи промоција на земјоделските производи и традиционални валандовски специјалитети: 

  • Свежи земјоделски производи кои се автентични во валандовскиот крај: грозје, калинка, јапонско јаболко, смокви, маслинки, тиква
  • Произведени производи: сок од калинка, вино, ракија, мастика, слатко од смокви, мед, доматно пире, кисела зелка и краставица, листови од зелка за сарма, ајвар……..
  • Сушено овошје- грозје, кајсии, смокви….

Учениците сакаат да ја зајакнат  свесноста за производство и конзумирање на земјоделски производи со оригинален и автентичен квалитет.

Учениците  направија промоција и маркетинг на валандовски традиционални земјоделски производи направени по традиционален начин .

Да стекнеме  навики за производство и конзумирање на здрава органска храна.

Да ја развиваме домашната економија.

Овој настан беше финансиран преку грант добиен од Миснистерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Skip to content