
„ВИНО ОД СРЦЕ“ е името на училишното вино, но и името на проектната апликација на нашето училиште која беше одобрена од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалоци од МЗШВ во 2023г.
Со финансирање од овој грант се доопреми веќе постоечката винарија во училиштето и се набавија дополнителна опрема за современо функционирање на истата.
Се набави следниве опрема:
- Иноксни садови за чување на вино од 600л., 500л. и 1000л.
- Гроздомелачка,
- Пумпа за преточување на густа течност – каша,
- Пумпа за пренос на течност,
- Пумпа со 12 филтри,
- Затварач за тапи,
- Машина за навојни затварачи.
Учениците од земјоделско- ветеринарна струка имаат можност да ги следат и научат сите совремемени процеси во производството на вино.