Back

Мислете органски, направете органско

Од учебната 2020/2021 година СОУ ,,Гоце Делчев“ Валандово беше партнер училиште во спроведување на едногодишен проект,, Мислете органски, направете органско“ Овој проект е од програмата Еразмус + финансиран од ЕУ и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност под бр. 2020-1-MK01-KA102-077506.
Во овој проект партнер на нашето училиште е компанијата ИВЕМ ЛИФЕ од Сандански, Бугарија.
Во учебната 2020/2021 година активностите од овој проект што ги спроведоа учениците заедно со наставниците се следниве:
• Објавен и спроведен јавен оглас за избор на ученици партиципанти во проектот.
• Реализирана мобилност во месец јуни 2021 година во која учествуваа 1 наставник и 12 ученици од земјоделско –ветеринарна струка во траење од 15 дена во Сандански , Бугарија.
• Реализирани часови со учениците по бугарски јазик:

Учениците преку проектот научија како да станат поконкурентни на пазарот на трудот и да стекнат практични вештини за работа со модерна опрема и со системи за автоматизација на машини. Научија како да започнуваат успешна претприемачка активност од областа на органското производство во лозарството и заштитата на животната средина.
На институционално ниво, проектот создаде квалитетно образование, придонесе за трансфер на добри практики во стручното образование и размена на искуства помеѓу партнерските организации. Во регионалниот и националниот контекст, проектот придонесе за подобрување на релевантноста на стручната обука и квалификациите на персоналот, дозволувајќи на учениците да влезат во пазарот на трудот за потребите на европскиот пазар на трудот и високите побарувања на работодавачите.

 
Skip to content