
Нови можности во поврзаниот свет
Овој проект се реализираше преку клучна акција: Краткорочни проекти за мобилност на ученици и кадар во училишно образование од Еразмус+ програмата со број: 2021-1-MK01-KA122-SCH-000030666. Проектот се реализираше во периодот од 01/09/2021 до 28/02/2023.
Преку овој проект се реализираа 2 проектни активности:
Првата проектна активност е обука за наставници. Во јули 2022г. група од 8 наставници следеа двонеделна обука „Интензивен курс по англиски јазик и информатички и комуникациски технологии (ИКТ)“ реализиран преку партнер организацијата Europass teacher academy во Фиренца, Италија.
Втората проектна активност беше поканет експерт. Во соработка со партнерот ViModo Research and Education Hub од Кипар се спроведе обука за наставници со наслов Special education and Autism „How to manage challenging behaviours in the classroom“. Обуката се одржи во декември 2022г. и на неа беа поканети наставници од сите општински училишта и детската градинка од Општина Валандово. Наставниците имаа можност преку групна работа и практични примери да научат нови методи при работа со ученици со специјални образовни потреби.