Back

Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“е поддржан од Детската фондација Песталоци (Kinderdorf Pestalozzi) , а реализиран од Коалиција на младински организации СЕГА. Проектот се спроведува во партнерство со МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC, Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi и SmartUp – Social Innovation Lab, во периодот септември 2023 – август 2026 година.

Целта на проектот е да придонесе кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина во основните и средните училишта. Проектот ќе се фокусира кон креирање на безбеден простор на децата и младите во училиштата преку активна поддршка за справување на сите форми на насилство врз децата, како тема која е актуелна помеѓу децата и младите.

Со учениците од ученицката заедница во месец ноември се реализираа 3 работилници:

– „Комуникациски вештини“ 21 ноември 2023г.

– „ Истражувачки методи и алатки“   27 ноември 2023г.

– Развивање на ученички проект/ иницијатива   15 декември 2023г.

 
Skip to content