
Сјајот на природата
Од учебната 2018/2019 година СОУ ,,Гоце Делчев“ Валандово е учесник во двегодишен проект со наслов,,Сјајот на природата“. Проектот е од програмата Еразмус+, финансиран од ЕУ и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност под бр. n.2018-BG01-KA229-047823_2.
Во овој проект нашето училиште учествува заедно со училишта од државите: Бугарија, Обединетото кралство, Франција, Хрватска и Италија.
Општи цели на проектот се:
-Да се создаде еколошка свест
-Да се подигне свеста за проблемите со животната средина
– Да се анализираат и класифицираат компонентите на природните екосистеми во парковите и природните резерви
– Да се подигне свеста за високите природни вредности на локално, национално и меѓународно ниво
– Да се едуцираат луѓето да ја почитуваат животната средина,
– Да се подобри и да се развие употребата на англиски јазик и ИКТ
– Да се развијат вештини за истражување за набљудување, снимање, споредување, класификација на екосистемите на нашите региони
– Да се зголеми јавната свест за факторите што го загрозуваат животот во природа
– Да се промовира транснационална соработка и размена.
Во учебната 2020/2021 година учениците заедно со наставниците ги реализираа следниве активности :
· Реализирана виртуелна мобилност во месец јуни во која учествуваа ученици и наставници.
· Реализирана мобилност во Остија, Италија во која учествуваа 3 наставници.
· Изработка на презентации за загрозени видови растенија и е-магазин.