Со пракса до квалитетно органско вино
Почнувајќи од учебната 2019/2020 година СОУ ,,Гоце Делчев“ Валандово е координатор во едногодишен проект,, Со пракса до квалитетно органско вино“од програмата Еразмус + финансиран од ЕУ и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност под бр.2019-1-MK01-KA102-060117.
Во овој проект партнер на нашето училиште е компанијата ИВЕМ ЛИФЕ од Сандански, Бугарија. Во учебната 2020/2021 година, се реализира мобилност во месец јуни 2021 година во која учествуваа 1 наставник и 13 ученици од земјоделско –ветеринарна струка во траење од 15 дена во Сандански , Бугарија.
Преку овој проект се остварија следните цели :
– запознавање со основните принципи на новите технологии за одгледување на лозови насади и запознавање со составот и обработката на вината, како и со основните технолошки операции при производството на вино;
– Постигнување на добри практики за учење и технологија во вистински услови за работа во меѓународна средина;
– Формирање на вештини за тимска работа и работни навики;
– подобрување и проширување на практичните вештини во областа на лозарството,
– зголемување на комуникациските вештини за странски јазик, стекнување вештини за комуникација во мултикултурна средина и мотивација за изучување на терминологија во лозаро винарскиот сектор;
– зајакнување на интеракцијата помеѓу образовните институции и производствената средина;
– стекнување знаења, вештини и квалификации, кои помагаат за личен раст, погодност за работа и конкурентска предност при учество на домашниот така и европскиот пазар на трудот.