Проект Меѓуетничка интеграција во образованието (МИО)
- Categories Меѓуетничка интеграција во образованието
- Date 19 March, 2025
Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) како имплементатор и партнерите Министерство за образование и наука (МОН) со сите клучни образовни институции, сите општини и училишта во Република Северна Македонија од 2017 г. реализираат низа проекти со една единствена цел, да се подобри меѓуетничката интеграција преку позитивни интеракции помеѓу етнички мешана младина на ниво на училиштата и на ниво на заедницата и подобрување на содржините по граѓанско образование, вештини и однесувања и пракси на волонтирање кај младите.
Целна група се сите основни и средни училишта и општини преку следниве компоненти:
- Јакнење на меѓуетничката кохезија во образовниот систем.
- Јакнење на демократската култура и граѓанското однесување меѓу младите.
- Стимул на училиштата/реновирање.
СОУ „Гоце Делчев“ уште од почетокот на имплементирањето конкурира на повикот од МОН и добива константно проекти реализирајќи активности меѓу ученици од македонска, албанска и турска националност. Партнер-училиште е СОУ „Гостивар“ од Гостивар.
2019/20 – Средба во трет град
2021/22 – Под исто небо со заеднички вредности
2022/23 – Во ритамот на природата
2023/24 – Знаменитости од нашиот крај
2024-25 – Единство преку различности
Tag:МИО