СОУ „Гоце Делчев“ од Валандово – Лидер меѓу училиштата во 3Д печатењето
СОУ „Гоце Делчев“ од Валандово – Лидер меѓу училиштата во 3Д печатењето преку образовниот профил Техничар за компјутерско управување
СОУ „Гоце Делчев“ од Валандово е добитник на грант преку Еразмус+ програмата како партнер во проектот „Step by step in 3D printing“ („Чекор по чекор во 3Д печатењето“). Проектот е одобрен од Националната агенција на Република Србија. Во проектот се вклучени и партнер училиштата Техничка школа од Пирот, Р. Србија како координатор и 1st EPAL of ELEFTHEROUPOLI, Eleftheroupoli од Р. Грција.
Проектот е од Еразмус+ КА210-VET проект -мали партнерства за 2023 г. и е наменет за учениците од Машинската струка- Техничари за компјутерско управување. Преку проектот учениците и наставниците ќе имаат можност да разменат знаења, искуства и развијат заеднички производ со ученици од други земји. Главната цел на проектот е да се развие силна основа во дигиталното моделирање за да можат учениците и наставниците да користат алатки и компјутерски софтвери, како и да научат дел од креативните и техничките вештини кои се кријат зад уметноста на 3Д светот.
Практичната материјална цел на проектот е учесниците да изработат дидактички материјал:
- Прирачник за ЗД моделирање и печатење,
- Прилагоден прирачник за ученици со потешкотии во учењето,
- Курикулум за 3Д принтање, и
- Изработка на веб платформа наменета за 3Д печатење.
Проектот ќе се реализира од 01.10.2023 до 31.03.2025 г. со три мобилности во трите држави. Секоја мобилност има посебна тема на работа.
- Техничка школа, Пирот, Србија – „From idea to 3D model” („Од идеја до 3Д модел“) (5 работни дена – февруари, 2024)
- СОУ Гоце Делчев Валандово – „Convert and Print” („Конвертирај и печати“) (5 работни дена – април, 2024)
- 1st EPAL of ELEFTHEROUPOLI, Eleftheroupoli – „3D printing inindustry” (Индустријата на 3Д печатењето“) (5 работни дена – октомври, 2024)
Пред почетокот на мобилностите учениците преку Etwining платформата ќе имаат можност да се запознаат, соработуваат и развиваат нови идеи преку кои ќе го збогатат образовниот процес.
Една од најперспективните области во современиот свет е создавање на тродимензионални предмети со користење на 3Д печатење. Технологијата на печатење овозможува креирање на детални производи. Во денешницава употребата на тродимензионално печатење е можна насекаде.
СОУ „Гоце Делчев“ Валандово полека но сигурно станува лидер меѓу училиштата во 3Д печатењето преку образовниот профил Техничар за компјутерско управување.
Tag:Ерасмус+