Back
HomeУчилишна библиотека

Училишна библиотека

Училишните библиотеки имаат позитивно влијание врз постигањата на учениците. Таа постои за да обезбеди низа можности за учење преку печатени и непечатени материјали, вклучувајќи книги, весници, списанија, електронски материјали итн.
Таа е непресушен извор на мудрости. Овде учениците го надградуваат сопственото знаење за време на часовите, а и после нив, позајмуваат книги и стручна литература. Таа е неизоставен дел од воспитно-образовниот процес на училиштето, различна од другите форми на библиотека бидејќи е ориентирана исклучиво кон ученикот и наставникот.
СОУ „Гоце Делчев“ има своја библиотека од основањето, во 1960 година. Располага со богат фонд на литература од околу 15 000 наслови, според потребите на воспитно – образовниот процес. Има стручна и уметничка литература од македонската, балканската и светската литература. Библиотечниот фонд се зголемува според можностите и потребите на училиштето.
Во библиотеката се одвиваат и различни активности, литературни средби и читања, состаноци на секции и на училишната заедница, читачки проби на драмската секција, на рецитаторската...
Една од главните цели на училишната библиотека е да поттикнува љубопитност, иновации и решавање проблеми. Тоа е неизоставен дел од културниот и општествениот живот на училиштето – централно место за активности, пристап до информации, раѓање на нови идеи и жива дискусија, место за учење и размислување.
Истражувањата покажале дека библиотеките со добри ресурси бележат огромна разлика во постигањата на учениците.

Актуелни новости

Програма за изведување завршна екскурзија во учебната 2023/2024 година

Програма за училишна екскурзија во средно образование во СОУ “Гоце Делчев” – Валандово за учебната 2023/24 година Програмата за училишната екскурзија содржи : – услови...
Read More »

Работилница „Стратешки менаџмент и мониторинг“

Ученици од СОУ „Гоце Делчев“ Валандово минатата седмица учествуваа на работилница организирана од Преда Плус во Дојран. Тема на работа Стратешки менаџмент и мониторинг, со...
Read More »

Бесплатни курсеви по англиски, германски и курс за програмирање

 Учениците од СОУ „Гоце Делчев“ Валандово имаат можност да посетат дополнителни вонучилишни активности. Учениците доброволно посетуваат: Курс по англиски јазик согласно нивното ниво на познавање кај...
Read More »
Skip to content