Здравство и социјална заштита
Избери една од програмите и струките на СОУ „Гоце Делчев“ Валандово.
Дентален асистент
270+
Области на учење
29 : 1
Ученик-наставник
5,723
Годишно запишани
#28
Најдобар успех
Што работи денталниот асистент?
- Денталниот асистент планира и подготвува услови за работа во стоматолошка ординација, користи соодветна опрема на работното место, средства за лична заштита и заштита на пациентите,
- Денталниот асистент реализира задачи во доменот на стоматолошката сестринска пракса,
- Асистира и активно учествува при справување со ургентни состојби во стоматолошката практика,
- Дезинфицира и стерилизира инструменти и материјали, контролира квалитет на стерилизација,
- Денталниот асистент евидентира, обработува, администрира и архивира податоци за пациентите и потрошен материјал (поседува информатичка подготвеност) ,
- Денталниот асистент дејствува во рамките на должностите делегирани од страна на стоматологот и под негов надзор.
Денталниот асистент може да се вработи во:
- Дентална ординација и други здравствени ординации
- Компанија за продажба на дентални материјали

Што нуди училиштето
Училиштето располага со лабораторија за практична настава опремена со нагледни средства соодветни за наставата како:
• Модели и мулажи на органи и делови на човечко тело,
• Скелет,
• Слики на анатомска градба на оргаски систем,
• Шеми за физиолошки процеси,
• Мулаж од усна празнина,
• Модел на горна и долна вилица,
• Модел на заби,
• ПРИБОР ЗА ЛАДНА МОДЕЛАЦИЈА НА ЗАБНИ КОРОНКИ,
• Апарати,инструменти, материјали и прибор за работа во дентална пракса,
• Микроскопски препарати,
• Микроскопски препарати од основни патолошки процеси,
• Микроскоп,
• Постери,
• Материјали и препарати за микробиолошка дијагностика.
Часовите учење преку работа кај работодавач и феријална практика се изведуваат во фирмите:
ПЗУ „Аспра-дент‘’ Валандово,
ПЗУ „Д-р Филип Тошев‘’ – Валандово,
ПЗУ „Ве-дент‘’ - Гевгелија,
ПЗУ „Ву-дент’’ - Гевгелија,
ПЗУ „Д-р Македонка‘’ - Миравци,
ПЗУ „Поп-Ристови’’ - Гевгелија.