Настанот има за цел да ги промовира и зацврсти партнерствата помеѓу училиштето, бизнис заедницата и институциите, како на локално, така и на пошироко ниво. Фокусот е на ставен токму на важноста од взаемната поддршка и соработка. Со примена на иновативни методи и современи технологии, преку интегрирање на теоретското знаење со практична обука на учениците во бизнис секторот, создаваме услови за нивна подобра професионална подготовка. Истовремено продуцираме конкурентни индивидуи на пазарот на труд со активен придонес во заедницата.
Програма:
– Прием на гостите
– Обраќање на претставници од училиштето и бизнис секторот,
– Презентирање на Прирачник за 3Д моделирање и принтaње,
– Разгледување на штандовите,
– Коктел.
Event Information
- Start Time 13:30 6 December, 2024
- Finish Time 15:00 6 December, 2024
