Иницијатива „Кафето има милион приказни“
Учениците од ученичката заедница под менторство на младински работник од Центар за истражување Новус, развија проектна апликација и буџет за ученичката иницијатива „Кафето има милион приказни“. Проектната апликација беше прифатен и финансирана со 30000 ден. преку проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.
Преку иницијативата учениците уредија простор во училиштето (поранешна сендвичара) и создадоа катче за дружење, соработка, поддршка помеѓу учениците, наставниците, родителите.
Tag:иницијатива, кафе